Вчерашното рочиште за настаните „27 април“ би можело да биде клучно за овој случај. Вештакот Мирослав Котевски, ангажиран од одбраната потврди дека клучниот човек на Обвинителството, Александар Василевски воопшто не бил во згрдадта на ВМРО-ДПМНЕ тој ден како што тврдеше Нинџа. 

Преку стручна анализа користејќи ги податоците од базните станици, Котевски докажа дека Нинџа тој „27 април“ се движел околу Градскиот трговски центар, Кејот, Плоштадот и Собранието. Во еден момент околу 22 часот, сигналот на неговиот мобилен бил „фатен“ од базната станица на ВМРО-ДПМНЕ. Но, Нинџа или само поминал или само се доближил дотаму но не влегол бидејќи добил повик од вториот негов телефон кој не бил во него  лоциран на базната станица „Алмако“ кој се наоѓа во близина на италијанската амбасада и се упатил натаму.

Со тоа се побија претходните сведочења на Нинџа  дека бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и таму добивал инструкции за дејствување во Собранието.

Вештакот Котевски тоа и стручно го објасни.

„Корисникот на бројот 076 44**06 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” во временски период помал од 1 минута (22:19) и корисникот на бројот 075 28**51 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” единствено во временски период од 5 минути (22:08 до 22:13 часот).

Се потврди и дека Спиро Ристовски и Нинџа тој ден воопшто немале телефонска комуникација тој ден туку само еден неуспешен обид на Нинџа да му се јави но и тоа не е регистрирано од мобилните оператори.

Според вештакот  доказите кои ги приложила Рускоска пред судот кога го подигнала обвинението не биле запечатени односно заштитени од промени, поради што тој се сомнева дека е можно некој да ги променувал – односно да направил фалсификат.

– Материјалните докази кои ми беа предадени од страна на одбраната не содржат никаква заштита на датотеките (“xls” фајловите) со што се нарушена нивната доверливост како податоци, вели професорот Мирослав Котевски.

Кажано народски, во доказите секој можел да влегува и да прави што сака.

Станува јасно дека „27 април“ е граден врз основа на лажен исказ на сведок кој за обинителстовото, а подоцна и за судот беше клучен обвинетите да бидат осудени на повеќе од 200 години затвор. Со ова е нарушена довербата на претходната пресуда за сторителите, а по сведочењето на вештакот има се помали докази да бидат осудени и т.н организатори на собраниските случувања од 2017 година.