Канабисот од два тони украден од складиштето во Јосифово и однесен во Арачиново можно е да е веќе продаден, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринското гостување во „Студио 10“ на ТВ24.

Има индиции да е изнесена надвор од Македонија и да е продадена. Досега од таа кражба се пронајдени повеќе од 300 килограми, но не е најден остатокот од Јосифово. Се анализираат и се обезбедуваат докази, но истрагата не е завршена. рече Спасовски, одговарајќи на прашање.