Веста која дојде од Брисел дека Европската комисија признала македонски јазик беше вешто искористена од провладините медиуми и од СДСМ. ЕУ вчера побара од Македонија да го преведе заедничкото европско право на македонски јазик што е и нормално.

Значи не се работи за никакво признавање на македонскиот јазик од страна на ЕУ, туку за обична предлог-рамка која треба да биде одобрена од страна на Советот.

За рамката да биде усвоена потребна е согласност од сите земји-членки меѓу кои и Бугарија.Но и за тоа нема рок кога би се случило. Индикативно е молчењето на источниот сосед, особено сега пред избори. Бугарските власти веќе се изјаснија дека за нив е прифатливо Зоран Заев да биде на власт бидејќи тој има најголемо разбирање за нивните барања од Договорот за Добрососедство.