1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.

@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките

♬ original sound – Republika online

Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.