Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, на собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања го образложуваше барањето на Кривичниот суд за одземање на неговиот  пратенички имунитет.

Велјаноски детално објаснуваше што се случувало на 27 април во Собранието. Според него, немало ништо спорно во пораката што ја размениле со Никола Груевски дека парламентарното мнозинство сака да го избере претседателот на Собранието и оти тој како претседавач морал да го почитува Деловникот.

Ни на крај памет не ми паднало да ги прекршам Деловникот и Законот. Јас десет години бев претседател на Собранието и сакав мирно да си заминам. Ни на крај памет не ми падна дека може да се случи таков настан – изјави Велљаноски.