Aко мислите дека Собранието не само за овој случај, треба да биде нотаријат и само да удри печат тогаш зошто ја држиме оваа комисија, запраша поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски на седницата на која се расправаше за неговиот имунитет.

Да ве овластиме во Деловникот, како претседател на Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, што добиете барање од Судот веднаш да удрите печат, да се потпишете и да го доставите до судот.