Не само што притворот се определува против политичките неистомисленици, туку власта во спрега со Обвинителството и казено поправните установи го користи притворот и за малтретирање, тепање и за понижување на оние што ќе бидат притворени, истакна пратеникот Антонио Милошоски на денешната комисија за мандатно-имунитетни прашања.

Притворот е претворен во казна. Притворот не се користи како мерка на претпазливост, туку како мерка на казнување, тепање и понижување на политичките противници.