Вечерва  ќе заседаваат највисоките партиски тела на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

По вчерашната најава од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да преговара со власта околу обезбедување дво-третинско мнозинство во Собранието за уставните измени, за денеска во партијата се најавени консултации со партиските органи и пратеничката група.

Партиски извори брифираат дека ќе се прави анализа на референдумот и ќе се одредат следните чекори на партија, што потоа ќе се презентираат и пред Централниот комитет чија седница е најавена за утре.

Според некои медиуми ВМРО-ДПМНЕ ќе побара оставка од Заев и формирање експертска влада  и избори по една година.

Извршниот одбор на СДСМ според информациите  исто така вечерва ќе ги одредува следните чекори во постреферендумскиот период, притоа многу поизвесни се брзи предвремени парламентарни избори, отколку обиди за обезбедување на двотретинско мнозинство за гласање на уставните промени предвидени со Договорот со Грција.

Досега немало никакви средби меѓу претставници од двете партии, а нема информации дека контакти се остварени и со одделни пратеници од опозициската коалиција.