Вечерва сите, ама буквално сите, мора да излеземе на терасите точно во 20 часот и да му дадеме громогласен аплауз на министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи го заслужува…

Филипче го заслужува НАЈЦИНИЧНИОТ аплауз, зошто?

Затоа што си игра со нашите живот, си игра со здравјето на граѓаните, а доктор е! Нешто што се учи на првите часови по медицина, ЗДРАВЈЕТО И ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО СЕ НАЈВАЖНИ.

Една година помина откако Македонија го регистрираше првиот случај на коронавирусот. Една година Венко Филипче имаше време да преговара-договара за вакцините, една година Венко Филипче имаше време да го заслужи оној аплауз кои му го даваа луѓето на терасите, една година Венко Филипче имаше време да покаже, да докаже дека ПР-от кој го тераше е заслужен.

Вакцини нема, а само Господ знае кога ќе добиеме, лидери сме во светот по неспособност, африканските земји добиваат стотици илјади вакцини, земји во кои има војна ги вакцинираат граѓаните, а Македонија моли-проси за 8000 вакцини од Србија.

Вчера кинески „Синофарм“ го врати авансот за вакцините, руските до вчера не ги сакавме, за „Фајзер“, „Астра Зенека“ и други, може да сонуваме, Филипче нема капацитет да се справи со овој проблем, можеби е добар хирург, но е лош менаџер.

Вакви ситуации сакаат снаодливи луѓе, луѓе кои додека се воведуваа карантини и полициски часови одат и преговараат со гигантите за вакцина, нешто како Вучиќ во Србија. Граѓаните во Србија може да бираат вакцини како кога ќе влеземе во маркет, па се двоумиме дали да купиме италијански макарони или грчки, така и тие, ја имаат секоја можна вакцина.

Земја како Србија, која до вчера, буквално до вчера, учеше политика од Македонија, стана светски пример како една држава се грижи за своите граѓани. Добро е да се споредуваме со Србија, бидејќи ако се споредиме со Израел, земја која по население е блиску до Србија, тогаш разочарувањето е поголемо.

Над 80 проценти вакцинирани луѓе во Израел, систем кој покажа карактер, систем кој му одржа лекција на светот како треба да се работи. И навистина ако се продолжи со набројување што се покажа Израел во оваа корона-криза, на луѓето ќе им дојде да заплачат.

Затоа од вечерва мора сите да излеземе на терасите и да му даваме аплауз на министерот Филипче со цел да го охрабриме за неговата оставка, со цел да дојде некој друг, поспособен кој би можел да се справи со ваквиот хаос или во најмала рака да се обиде да го подсреди хаосот во кој не втурна Филипче.

Министре доста е!!!