Ватикан објави дека ќе ги исклучи сигналите на мобилните телефони за време на конклавата за избор на нов папа, која нема да го вклучува плоштадот „Свети Петар“.

Ватикан соопшти дека „од среда, 7 мај во 15:00 часот, сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан… ќе бидат деактивирани.

Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавувањето на изборот на папата, се вели во соопштението.