Тенко, многу тенко. денес видовме како изгледа човек кој лаже, кој не ја говори вистината. Како изгледа човек кој дополнително заглибува во сопствената кал. А нема одговори за авантата од 7 милиони евра, рече на денешната прес-конференција Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа рече дека Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, не одговори на прашањето што значи „Leonardo will win“ („Леонардо ќе побеи“ н.з.), како што даде одговор на „Latter of award“.

Господине Рашковски многу сте јасен во снимката која ја слушнавме во медиумите кога велите: Leonardo will win. Господине Рашковски, ова индицира дека апла местите кој треба да го добие тендерот. Денес е јасно дека Драги Рашковски преговарал во својство на лице задолжено од премиерот Зоран Заев. Денес се дозна нарачката дека зад скандалозниот тендер стои лично Зоран Заев. Имаше и признание дека Чепуњовски не потпишал незаконски тендер за кој постои сомневање за криминал. Туку тоа го направиле лица од актуелната власт“, додаде Василевска.

Таа појасни дека договорот е склучен на 14.12.2018 година, кога премиер е Зоран Заев, а Драги Рашковски е генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Рашковски не одговори на следново: кога ќе си дадете оставка?

Како главен преговорач  со М-НАВ ќе преземете ли одговорност за инцидентот кога два авиони од интернационални лета минатиот септември ќе направиле судар над македонското небо? Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација? Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?

Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која ја посакувате? Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења“?, праша таа.

Според неа Рашковски уште еднаш ја докажал поврзаноста помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство.

Господине Рашковски наместо да се расправате со новинари по прес конференции од позиција на моќ, треба веднаш  да си поднесете неотповиклива  оставка, како знак на морална одговорност. Дополнително очекуваме од Јавното обвинителство да побара притвор за вас, како би се отклониле сите опасности од ваше неприсуство пред органите на прогонот.

И за крај лично обраќање до мојот колегата Драги Рашковски. Колега вашето лично обраќање до мене, како ваша колешка од Правен факултет, е неиздржано бидејќи вие од мене барате  да ви се извинам  јавно за да не ме тужите. Колега  вие можете слободно да ме тужите. Јас не се плашам од вашите закани. Во Македонија според Уставот важи пресумпцијата на невиност, не се плашете да докажете што и како сте правеле вршејќи јавна функција пред надлежните истражни органи. Мојата цел е да се избориме за правна држава, а главниот постулат на моето политичко дејствување не е желбата за пари и власт, туку за спроведување на економска лустрација со која ќе добиеме колега конечно шанса да побараме прием во европското семејство“, порача Василевска.