Во интервал од половина час од 5.30 до 6 часотоутрово Финансиската полиција упаднала и во домовите на високи партиски функционери и истакнати членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Република.
Според информациите на Република, полицијата вршела претрес и во домови на заболелени од ковид кои во моментот на претресот се во изолација и се лекуваат.
Одземени се мобилни телефони и други предмети.
За кои лица станува збор ѝ е познато на редакцијата, но од објективни причини нивните имиња не ги соопштува во моментов.
За невиден терор од страна на власта и притисок пред седницата за гласање недоверба на Владата утрово информира и пратеникот Јован Јаулески. Финансиската полиција упаднала и во неговиот дом, наводно вршела предистрага.
Ова се класични потези на очај на режимот во паѓање. Ова е хунта, се работи за обид за притисок врз моите родители на денот на гласањето за недоверба на оваа влада, изјави Јаулески.
И претставници на другите партии од новото парламетнарно мнозинство сведочат за невидени притисоци врз пратениците кои денеска треба да гласаат за недоверба на Владата.
Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Адријанит Хоџа од Беса потврдуваат дека власта на СДСМ и ДУИ врши невиден притисок врз пратениците.
Финансиската полиција беше глаавен адут за „предизборно убедување“ на граѓаните и за време на изборната кампања за локалните избори. Тогаш лично директорот на Полицијата Арафат Муареми одеше по селата и се закануваше со инспекции.
Comments are closed for this post.