Доаѓа денот Д за Македонија, многупати ветениот датум за старт на преговори за членство во ЕУ, повторно ќе го нема. Иако истиот веќе неколку пати, барем според власта беше добиен, како се наближуваше овој декември и министерскиот совет, како и советот на лидери на државите членки, така и македонскиот премиер се откажа од датумот, објави Алфа.

Треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција – изјави Заев.

Но, сепак што зборуваше Заев во текот на минатите години? Датумот многу пати беше добиен, прв пат на 26 јуни 2018-та година.

Во авион штотуку примив одлична вест… Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ! – се фалеше Заев од авион.

Па повторно и на втори јули 2018-та.

Скрининг процес почнува на 17 јули овде во Македонија. Тоа е доказ дека Македонија доби датум за преговори, доказ е дека Европскиот Совет никогаш повеќе нема да се навраќа да утврдува датум за преговори – изјави Заев во Собранието на 02.07.2018.

Една година подоцна, во 2019-та добиениот датум се користеше и во предизборна кампања.

Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавата вест. Пред неколку часа се вратив од Берлин. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара – велеше Заев во кампања на 30 април лани.

А со цел датумот за старт на преговори со Европската унија, Македонија направи голем отстапки последниов период посебно кон Бугарија. Па така според премиерот Заев со источниот сосед сме имале заедничка историја, бугарскиот фашистички окупатор не бил фашист, но тоа не е се.

Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев – кажа Заев.

Но, сепак барем засега, се изгледа беше џабе.

А вие може да пукнете ако сакате што не го решивте ова прашање – порачуваше Заев.