Девојка на возраст од 19 години е уште една жртва од автобуската несреќа, што на 13 февруари се случи кај селото Ласкарци. Веста ја потврдија од болницата „Мајка Тереза“. Со ова, бројот на загинати во несреќата се искачи на 16.

Несреќата се случи на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од патот и се преврте. Истрагата утврди дека причина за несреќата е комбинација од неприлагодена брзина и неисправни сопирачки на автобусот.

За случајот полицијата веќе уапси шест лица, меѓу кои сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, потоа првиот човек на техничката контрола, тројца вработени во техничката контрола „Авто-мото сојуз Гостивар“, возачот и лицето кое констатирало исправност на  тахографот, иако во истиот имало уред за манипулација со брзината. Шестмината се гонат за кривично дело против безбедноста на луѓето и возилата во сообраќајот, а седмиот осомничен за несовесно извршување на задача.