Во затворската соба во истражниот затвор во Шутка во која е сместен поранешниот директор на УБК,  Сашо Мијалков бил пронајден мобилен телефон. Телефонот бил пронајден при извршен претрес, а за ова затворот ќе го извести надлежниот судија, објавува Досие.мк.

Ова е втор пат во неговата соба да биде пронајден мобилен телефон.

Првиот пат кога беше приведен од хотелот Мериот. При претрес му беа пронајдени два мобилни телефони. Подоцна беше пуштен во куќен притвор, но по изрекување на пресудата за „Титаник 2“ повторно е во притвор.