Девојка на возраст од 19 години е уште една жртва од автобуската несреќа, што на 13 февруари се случи кај селото Ласкарци. Веста ја потврдија од болницата „Мајка Тереза“. Со ова, бројот на загинати во несреќата се искачи на 16.
За случајот полицијата веќе уапси шест лица, меѓу кои сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, потоа првиот човек на техничката контрола, тројца вработени во техничката контрола „Авто-мото сојуз Гостивар“, возачот и лицето кое констатирало исправност на тахографот, иако во истиот имало уред за манипулација со брзината. Шестмината се гонат за кривично дело против безбедноста на луѓето и возилата во сообраќајот, а седмиот осомничен за несовесно извршување на задача.
Comments are closed for this post.