Унгарија испраќа нов контингент полициски службеници што ќе имаат задача да помогнат во патролирањето на македонско-грчката и македонско-српската граница, објавија унгарски медиуми повикувајќи се на информации од унгарската полиција.
Станува збор за единица од 30 луѓе што ќе бидат распоредени во Македонија и 15 луѓе што ќе патролираат на границата од српска страна.
Задачата што ќе ја имаат унгарските полицајци ќе биде истражуваат и да спречуваат нелегално влегување на мигранти во Македонија и во Србија и да помогнат во апсење на шверцери на луѓе.
Полициските единици ќе бидат опремени со теренски возила, опрема за ноќно набљудување и термални камери.
Како што пишуваат унгарските медиуми, во изминатите три години, унгарската полиција во соработка со локалните полиции, привела 7.000 нелегални мигранти во Македонија и во Србија.
Comments are closed for this post.