Седницата за уставни измени која според најавата од Собранието требаше да продолжи денеска во 13 часот, е презакажана за во 15 часот.

Се очекува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тогаш да се појави пред Собранието и да им се обрати на граѓаните кои и денеска излегоа на протест против промена на Уставот.

Премиерот Зоран Заев претходно соопштии дека се уште се во преговори со БЕСА  Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

Од друга срана пак  исклучените  од ВМРО-ДПМНЕ, не се подготвени да ги дадат своите осум гласа доколку дојде до промени во делот за државјанството.

Заев вели дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство пготвен е да преземе одговорност одговорност.

Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнзоинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.