УНЕСКО во најновиот извештај го стави Охридскиот регион на листата на агрозено светско наследство, а тоа од причини што се градат големи инфраструктурни проекти кои претставуваат потенцијална опасност. Не е само Охрид светско наследство, туку и Езерото, а охридскиот брег е нападнат опасно на повеќе локации, како на пример платфромите или хотелот во Лагадин, проблемите на струшкото крајбрежје.
Да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје, а да се урнат сите оние што претставуваат опасност“, заклучува УНЕСКО во последниот извештај.
Во извештајот, кој треба да биде разгледана на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни до 10 јули, УНЕСКО повторно бара од државата да воспостави мораториум на какви било урбани трансформации на брегот сè додека не се финализираат и усвојат ефективни законски решенија за заштита и механизми за нивно спроведување.
Да се направи проценка на нелегалните градби и да се утврди нивното влијание на заштитеното подрачје и потоа да се срушат сите кои претставуваат опасност за подрачјето. Строго да се спроведуваат законите правилниците да се спречат понатамошни дивоградби“, се наведува во извештајот.
Се бара од државата до 1 февруари 2020 да достави до Комитетот за светско наследство дополнет извештај за конзервација на подрачјето за да биде прегледан од Комитетот на конференцијата во 2020 година.
УНЕСКО во извештајот со жалење констатира дека малку е направено за имплементација приоритетните препораки на мисијата на УНЕСКО од 2017 година.Тие го поздравуваат запирањето на патот преку Галичица и ски центар на планината, но сметаат дека тоа не е доволно за значително да се намали ранливоста на подрачјето.
Comments are closed for this post.