Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претходниот претседател Ѓорге  Иванов.

Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет, смета дека овие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на Македонија.

Потпишани се указите за прогласување на следните закони:

–    Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција;

–   Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;

–   Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;

–    Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;

–   Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;

–    Закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;

–    Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

–    Закон за Централен регистар на население;

–     Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;

–      Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции;

–      Закон за изменување на Законот за спортот;

–      Закон за практиканство;

–      Закон за услуги;

–      Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи;

–      Закон за извршување на санкциите;

–      Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;

–       Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања;

–      Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди;

–      Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;

–     Закон за електронско управување и електронски услуги;

–     Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, се наведува во соопштението до кабинетот на Пендаровски.