Куќната помошничка на Бојан Јовановски денеска изнезе многу детали кои ја покажуваат неговата поврзаност со луѓе од политичкиот и бизнис светот.  Драгана Колевска објасни дека во неговиот дома редовно доаѓале Радмила Шекеринска, Александар Кирацовски, Стефан Богоев, Венко Филипче, Катица Јанева, Јордан Камчев, Зоран Милевски-Кичеец, Сергеј Варошлија и многу други и оти неговиот дом бил украсен со скапоцени предмети.

Драгана објасени дека се затекнала во куќата кога се реновирало и оти носеле уметнички слики од некоја галерија но оти тоа не биле на Боки туку тука биле оставени за да ги погледнат високите гости бидејќи така полесно ќе биле продадени.