Во престрелка во близина на скопкото село Кондово која што се случила денеска попладне убиен е возрасен маж, објавува ИРЛ.

Граѓани кои слушнале за пукотници во селото, се обратија во редакцијата на ИРЛ да прашаат што се случува, по што ИРЛ доби потврда од висок полициски службеник дека станува збор за убиство со огнено оружје во кое учестувале повеќемина. Во моментов кон Кондово се упатуваат полициски возила и екипи на Итната медицинска помош.