Mинитерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсен потпалувачот на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристовски.
-На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил” во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак”, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р, соопшти МВР.
Според соопштението на полицијата, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Comments are closed for this post.