Партијата „Твоја партија“ упати отворено писмо до Премиерот Зоран Заев преку кое го повикува итно да ги разреши првиот вицепремиер Артан Груби.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г-ДИН ЗОРАН ЗАЕВ

ТВОЈА партија бара Премиерот Заев веднаш да превземе активности во насока на оставка или разрешување на Министерот за политички систем, Артан Груби, заради прекршување на

– Законот за Влада (член 13),

– Законот за организација и работа на органите на државната управа (член 3 и 49),

– Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата (член 4, 5, 6, 11, 18 и 23),

– Протоколот за превентивните мерки во врска со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид19 и

– Член 206 од Кривичниот законик.

Прославата на роденден на партиски лидер во простории на државна институција од страна и во присуство на поголем број министри, испраќа до граѓаните порака дека:

– Секој вработен во било кое министерство може да организира роденденска прослава за 500 евра, без никакви други последици

– Министерствата се отворени за приватни настани, а вработените, особено оние на високи позиции, не се обврзани да ги почитуваат законите

– Постои апсолутна партизација на државната структура

– Наместо административна и функционална хиерархија, постои партиска хиерархија со презентирање сила на надмоќност

– Наместо заштита на законите, високите функционери практикуваат прекршување на законите

– Помеѓу граѓаните и високите функционери постои голема разлика во правата и бенефициите, меѓутоа казните не ја следат оваа разлика.

Во услови на пандемија, однесувањето на високите функционери во власта претставува еден од најмоќните орудија на промоција и диссеменирање на препораките на здравствените власти и нивниот пример создава услови било за поголемо почитување на овие мерки било за нивно обезвреднување.

Негативните последици се веќе видливи и несомнени. Во сите ситуации во кои е направено прекршување на мерките во врска со пандемијата (бадникарски огнови, Вевчанскиот карневал, причести во црквите) се прави споредба со постапката на функционерите и се дезавуира казнувањето од страна на државните органи.

На светско и посебно на европско ниво, политичката и моралната одговорност на високите функционери се сфаќа многу сериозно и претставува дел од вообичаеното однесување и постапување на оние кои се на власт.

Само како пример, во многу слични ситуации, лица на истоветна позиција, без двоумење поднесуваат оставка со цел да ја заштитат власта од бламирање, но и да ги зајакнат нејзините позиции во испраќањето на пораките кои се однесуваат на владеењето на правото и почитувањето на законите: