Добивме ветувања од Владата, но ништо од ветеното не се исполни, тутунот и наттаму се откупува по катастрофална цена, велат тутунопроизводителите на одржаниот протест пред Владата. Динамиката на откуп е слаба, квалиитетниот тутун се откупува со пониска цена, а доколку вака продолжи, 120 илјади семејства ќе бидат на работ на егзистенција, обвинуваат производителите на тутун. Ветувањето на Владата за откуп на тутун по просечна цена од 180 денари не се исполни.

На терен се случи нешто сосема обратно од она што се договаравме, и она што веруваме дека ќе се случи дека ќе ни помогнат, се случи да биде уште полошо. Проценките падна уште пониски, откупот ушто повеќе стагнира и денес имаме на места откуп од 100 – на пакети од класи на тројка и четворка. Цената на четворката е различна во сите откупни пунктови варира од 65 до 70 денари па се до 90 денари, рече Васко Јосифовски- тутунопроизводител.

Bараат итно укинување на четвртата класа, како и сигурен откуп на вишокот тутун што е произведен.

Апелирам до министрството новиот закон да го повлече, вишок тутун нема, надворешен тутун има, полна е Македонија со тутун од надвор, а они викаат нема 1.800 килограми само. Зошто го увезуваат нека ни го дадат ние да го садиме тој тутун, а не да внесуваат кој колку сака, рече Џевад Сали- тутнопроизводител.

Поддршка на тутунопроизводителите на протестот дадоа и лозарите велејќи дека земјоделството е најнеценет сектор во нашата држава. Доколку нема решение со откупната цена која во просек се движи од 120 до 160 денари, најавија нови протести, но со блокади во градовите каде што живеат.