Слави Трифонов одново објави статус на својот фб профил со кој се дообјаснува околу прашањето за С.Македонија, зашто, според него, не бил добро разбран.

-Бидејќи има луѓе, кои не го разбираат тоа што го напишав, посебно ќе им објаснам на оние кои читаат само наслови, а не го читаат текстот.

Моето лично мислење како граѓанин на Бугарија во однос на дозволата С.Македонија да почпне преговори за членство во ЕУ е следното:

За Република Северна Македонија-вие задолжително треба да ги исполните сите точки од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што сте ги потпишале со Бугарија, вклучително и сето она поврзано со историјата на Бугарија.

Северномакедонците треба да ги признаат своите бугарски корени. Тоа е услов без право на жалба и не подлежи на дискусија.

И за нашите партнери од НАТО и ЕУ-бидејќи толку држите до тоа, ние да ја поддржиме С.Македонија за преговори за членство во ЕУ, постапете партнерски кон нас, со оглед дека сакате ние да сме ви партнери-без визи во САД и веднаш во Шенген.

Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно, пишува Трифонов.