Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аеродром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада.
Патниците со кои телефонски разговаравме, беа изреволитирани и рекоа дека поради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агенциите.
На скопскиот аеродром, групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу 2 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требало да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.
Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Некои се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме, „Онур ер“, ветила дека ќе испрати друг авион од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ, Гордана.
Друг патник, од Битола, вели дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авион ќе има, но после 10 часот, иако и тоа не било сигурно.
Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешко на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме“, вели патникот од Битола.
Патниците објаснуваат дека утринава се јавиле во нивните туристички агенци, а некои од нив веднаш испратиле свои претставници на аеродромот. Тие успеале да добијат информација дека авио-компанијата ќе испрати авион, но не тој предвидениот, туку друг од Анталија.
Проблем е што од аеродромот во Анталија нема предвидено лет за Скопје. Така што навистина не знаеме што ќе се случи. Еве, првиот ден во Хургада практично ни е загубен. Се надеваме дека, сепак, како што рекоа околу 10 часот ќе слетал авион за да замине за Хургада“, вели друг очаен патник.
Пресинг е во конткат со патниците и ќе известува за случката со стотината заглавени македонски туристи кои тргнале на одмор за Хургада.
Comments are closed for this post.