Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, само заради
индиции претставува висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.
Кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки
кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност, тоа е јасно.

Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции.
Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат
или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив., побара СДСМ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат трошка кредибилитет се додека во нивните редови седат
пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.