Грипот ја зема третата жртва. Се работи за лице на возраст од 86 години од Скопје кој бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице лекарите не е утврдиле други заболувања.

Ова е трет смртен случај асоциран со грип сезонава, изминатиот период почина и 25-годишна девојка од Охрид и петгодишно девојче.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се регистрирани 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип.