Втора жртва за само два дена по добиени компликации од сезонскиот грип. 24 годишната девојка со Даунов синдром починала на КАРИЛ по добиените компликации од грипот.

Oд КАРИЛ велат дека компликациите настанале поради основно друго заболување, односно дека девојката имала Даунов синдром

Во текот на петтата недела од 2019 година (28.01-03.02.2019), пријавени се 1.252 случаи со симптоми на грип, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје.