Се помали се надежите и очекувањата дека Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија на самитот на ЕУ на 14 декември.Бугарските власти даваат јасни изјави нема промена во ставот  за почеток на преговори со  Македонија за влез во ЕУ.

Постојаниот претставник во ЕУ, Румен Александров истакна дека Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.

Александров нагласува дека во последните месеци Бугарија понудила голем број опции за надминување на отворените прашања, некои од нив треба да бидат исполнети во краток рок.

Ова е сосема спротивно од тоа што го тврди пратеникот Кастриот Реџепи поради кого не падна владата на Заев. Тој најпрво велеше дека од диломати на ЕУ и САД добил сигнали дека датум ќе има, за пред неколку дена да изјави дека информациите му се од сопругата која го слушнала францускиот претседател Макрон на телевизија.