Српската премиерка Ана Брнабиќ, во гостувањето во емисијата „Добро утро Србија“ изјави дека нејзината земја има договор со македонскиот премиер Зоран Заев и со српскиот претседател Александар Вучиќ околу вакцините против ковид-19.

Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 дози. Помагаме вакцините „Фајзер“ да се регистираат во Македонија, работиме со нив. Може да биде проблем што тие добија вакцини на „Фајзер“, но не се регистирани. Не е поентата само да се купи вакцината. Има многу други работи кои пред тоа треба да се направат. Треба да се регистрира од страна на релевантна агенција, мора да постои план за имунизација на населението. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информациски систем. Нашите граѓани знаат како треба да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји каде што кажуваат дека немаат претстава каде да се пријават, кои групи им се приоритетни, изјави Брнабиќ.

ретседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски вели дека се шокирал кога утрово на српска телевизија од српската премиерка Ана Брнабиќ дознал дека предвидените вакцини за Македонија не може да бидат испорачани зошто не сме подготвени да ја примиме и имплементираме.

ЉУДИ ПА ЈЕ ЛИ ТО МОГУЧЕЕЕЕ!!!
Во утринската емисија на ТВ Хепи под наслов „Добро јутро“ гостуваше српската премиерка Ана Брнабиќ. Што би рекла Шеќеринска: Се шокирав!
Брнабиќ рече дека доделените 8000 вакцини за Македонија не можеле да бидат испорачани затоа што ние не сме биле подготвени да ја примиме и ја имплементираме на граѓанството.
Не ми се веруваше. Што би рекла Шеќеринска ова е дно, коментира Јакимовски.

Додека министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев нè убедуваат дека сме подготвени, но само вакицините доцнат, од српската премиерка дознаваме дека како земја не сме регистрирани во „Фајзер“, што значи не може да ја добиеме вакцината ни како донација, а Србија чекор по чекор, како на мали деца, ни помага и тоа да го средиме.

Не е само дојди и купи, има тука доста други процеси – регистрација од странска агенција, план за вакцинација и слично, сподели Брнабиќ на „Хепи“.