Остана уште неколку дена до изборот на третата техничка влада која е производ на Договорот од Пржино. Ќе ја имаме и за освои иако ВМРО-ДПМНЕ бараше да се укине а СДСМ не сакаше поради ветувањето што Заев му го даде на Ахмети последните сто дена од оваа влада премиер да биде Албанец.А атер не се крши нели.

Ако толку решиле премиер да биде Албанец тоа можеше да се направи и без техничка влада.Ковачевски ќе поднесеше оставка и на неговото место ќе дојдеше Албанец, кога веќе имаат парламентарно мнозинство.Какво-такво.

Но, за тоа е веќе доцна.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе прдложи министри во техничката влада но нема да ги гласа. Сосема легитимно бидејќи опозицијата според Законот за Влада е должна да предложи министри и дополнителни заменици министри. И толку. Задача да ги избере тие министри но и целата нова влада е на парламентарното мнозинсто. Затоа неразбирлива е намерата на Ковачевски дека ќе му предложел кај имињата на министрите од ДУИ да стои празно место. Господе боже.Па Владата се бира цела во пакет а не на парче како што мисли Таче.

Но, премиерот кој никогаш не излегол на избори е неискусен па не знае дека ваква Влада се бираше и во 2016 година, поточно на 19 јануари.

Беше избрана со 72 гласа меѓу кои и министрите од СДСМ Оливер Спасовски и Фросина Ременски кои не дојдоа на својот избор и не положија заклетва. Заклетва положија два дена подоцна на посебна седница.

Значи тогаш можело, сега не може.