На неколку дена пред одлуката во Брисел, францускиот амбасадор во земјата порача дека местото на Македонија е во европското семејство. Тимоние вели дека датумите се едно нешто, но важни се принципите.

Ако постои нешто за што сме обединети сите европски претставници тоа е дека местото на РСМ по сите напори но и реформите кои треба да бидат направени, е меѓу нас. Датумите се едно нешто, но важни се принципите и затоа чекориме напред – вели Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија.

Македонските власти велат дека со внимание ги следат информациите кои доаѓаат од белгиската престолнина. Од Владата очекуваат дека Франција нема да биде пречка за влез на земјата во ЕУ и сметаат дека нема ниту една земја членка на Унијата или која е во преговарачка позиција која направила повеќе од македонија за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите.