Во текот на вчерашниот ден околу 12 часот на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Јадранска Магистрала“ и булеварот „8-ми Септември“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Г. (60) од Скопје, патничко моторно возило „Сеат алтеа“ со скопски регистерски таблици, управувано од О.Т. (30) од Скопје и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ф.М. (58) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Г., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“, а со телесни повреди се здобил О.Т., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.