Македонската православна црква ќе биде една од темите на утрешната средба во Солун помеѓу српскиот патријарх Иринеј и Вселенскиот Вартоломеј.

Ваквата средба доаѓа во период кога православието се наоѓа во раскол откако од Цариградската патријаршија доаѓаат информации дека би можеле да ја признаат автокефалноста на украинската црква и покрај противењето на Русија.

Од друга страна и МПЦ се надева дека може Цариград да ја признае автокефалноста на нашата црква и покрај тоа што СПЦ смета дека тоа треба да оди преку неа и таа треба да го даде томосот на признавање.

Но, МПЦ на почетокот на годината се одлучи патот за признавање да оди преку Софија, односно бугарската црква да стане црква мајка преку која ќе се дојде до автокефалност.