Министерството за надворешни работи доставило пријава до МВР и до ОЈО за фалсификат и можна злоупотреба на одредена институција и начин на комуникација во врска со вчерашото лажно соопштение за оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Телевизијата 24 Вести, вчера, во пладневните вести , објави дека шефот на дипломатијата си поднел оставка по неуспешниот референдум во неделата, со кој не се прифати договорот со Грција, чиј потписник е лично.

На тоа реагираше МНР, испраќајќи демант до медиумитете, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.

По добиената пријава ќе пристапиме кон работа, важно е да се утврди фактичката состојба. Лажните вести и говорот на омраза станаа нешто на кое се темелат информациите, рече денеска Спасовски.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека е почната специјална војна против него.

Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Народот за ова вика: Гладна кокошка, просо сонува.

Значи, како што вели Виктор…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Monday, 1 October 2018

Пресинг ТВ побара став и од Телевизија 24. Од таму велат дека пред да објават во вестите немале многу време да ја проверат информацијата, но дека веднаш реагирале,односно демантитрале кога сфатиле што се случува.