„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави таен документ на македонското државно раководство кое на 31 јануари годинава се сретнало на разговори за постигнување договор со Грција за името, на кој премиерот Заев обелоденил дека имал две средби со една од најблиските соработнички на лидерот на грчката опозициска Нова демократија.

Познатиот новинар Михаел Мартенс го објавува документот во кој се наведува дека на состанокот кој се смета за „строго доверлив“ биле претседателот, Ѓеорге Иванов, премиерот, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, лидерот на ВРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На состанокот било нагласено дека на Македонија и треба решение, но не по секоја цена, а Владата, како и опозицијата се согласиле дека ќе треба да се спроведе референдум за кое било решение. Димитров рекол дека моментот е позитивен: Денес волјата да се отвори вратата е голема. Постои чувство на заедничка одговорност. Европските бирократи сакаат успех“. Но, Димитров ги предупредил присутните дека малата Македонија не смее да си дозволи да ги загуби симпатиите на Западот.

Заев се согласил со него. „Расположението треба да биде дека Грција која е во НАТО и во ЕУ нема да може да ја обвини Република Македонија“, а потоа Заев побарал да се побрза со процесот.

Во моментот условите се позитивни, во Грција левицата е на власт. Сите во собата знаат што значи тоа. Се додека премиер е Алексис Ципрас постои добра можност за компромис.

Тој информирал дека Ципрас му кажал оти не очекува лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис да биде целосно конструктивен затоа што сака да постигне политички поени. „Така, Мицотакис не е вистински на тврда линија и е спремен за дијалог со Македонија, покажува зад сцената“, известил Заев.

Тој информирал и за позициите на Македонија, а тоа е дека не се за уставни измени и оти му рекол на Ципрас дека моментот е позитивен, но оти не може тоа да биде по секоја цена. На Ципрас му рекол:„Што ако победи ВМРО-ДПМНЕ и побара да се повлечат уставните амандмани? Затоа побарал од грчкиот колега да размисли да нема уставни измени во Македонија, но Ципрас нагласил дека ќе прифати име со географска одредница.

Претседателот Ѓеорге Иванов се жалел дека се води тајна дипломатија зад неговиот грб и оти не е информиран за текот на процесот на преговорите.

ФАЗ известува за нова средба на 19 мај, на која како главно прашање се појавува руското мешање во Грција и во Македонија. На таа средба Бујар Османи предупредил на опасноста доколку владата се обиде да го спречи референдумот, како и за руското мешање во референдумот.

Она што е особено интересно, а што го пренесуваат грчките медиуми, е информација од Зоран Заев за втора средба со Марија Спираки во Брисел, еден од најблиските соработници на Мицотакис. Таа му испратила поздрави од лидерот на НД, а ја објаснила и тешката ситуација во која се наоѓа партијата особено во некои изборни единици.

Од ова може да се заклучи дека и навидум тврдокорниот Мицотакис игра политичка игра за да освои поени на домашен терен, но во суптина преспанскиот договор и за него е прифатлив и оти кога ќе затреба ќе го вклучи заленото светло.