Седум лица починаа, а има 125 новозаболени од ковид-19 од кои 89 се од Скопје објави Венко Филипче, министер за здравство на Фејсбук.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.