Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во своето гостување во Студио 10 зборуваше за скандалозниот случај околу набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци и посочи дека соопштението од Влада во врска целиот овој случај е многу лош обид да се објасни целата оваа ситуација.

-Тоа соопштение воопшто не треба да ги толкуваме, тоа беше еден лош обид да се објасни или оправда цела ситуација и воопшто не е соодветно и не дава одговор. Eдноставно се труди да ја отргне дилемата дека тука нешто е направено надвор од законите на оваа држава. Tука недостасуваат многу работи, односно од каде произлегува потребата за набавката на таков софтвер, кој во државата носи таква одлука, дали за тоа постоела некаква претходна активност дека ќе се воведе таков тип на следење на сообраќајот и кој треба да донесе таква одлука, dали е Владата таа која треба да спроведе таков тендер, рече Тасева во своето гостување.

Таа во врска со целиот овој случај побара јавните обвинители да си ја остварат својата улога и да не стануваат соучесници и прикривачи во целиот случај.

-Повторно ги повикува јавните обвинители да си ја остварат својата улога , да не стануваат на овој начин соучесници, прикривачи односно дозволуваат ваков тип на дилеми да се повторуваат и на сето тоа се завршува со некој став од Влада дека тука нема ништо спорно, но тоа треба да го каже некој друг, додаде таа.