Слаѓана Тасева, од Транспаренси Интернешнл-Македонија во своето гостување во радио Лидер зборуваше за извештајот кој вчера излезе дека Македонија според последниот извештај има највисоко ниво на корупција и е сместена на 111 место, 5 места полоша од лани.

Имено Тасева говореше и за тоа дека тие се обвинети од власта дека тоа не било став на Транспаренси Интеррнешанал туку локалната канцеларија направила вакви податоци за да и наштетите на влада.

-Ние како и сите други резултатите ги добиваме со ембарго до кога можат да бидат затворени и со назнака кога можат да се објават, но не учествуваме во нивното подготвување. Затоа сметам дека тоа е еден спин или една шпекулација која им одговара на тие кои се на власт во период кога индексот не е поволен да обвинат некого кој што е тука локално и ја пренесува пораката, ние сме пренесувачи на порака од глобалната организација на Транспаренси Инстернешнл, рече Тасева.

Тасева посочи дека резултатите кои се добиени од 2019 и 2020 година,се направени истражувања со компании да кажат како се води бизнис во Македонија.

За Македонија се направени 7 истражувања спроведени во последните 2 години, дури ни аргументите дека ова се состојби од порано не се издржани затоа што зборуваме за резултати од 2020 година и од 2019 година. Во најголем дел од истаржавањата, економските истражувања кои се земени во предвид ги анализираат истражувања со анкети на лица и компании кои не мора да работат во Македонија, но имаат контакт со Македонија и со законите и властите во Македонија. Тоа е спроведено со мислење на бизнис луѓе кои имаат контакт со Македонија да кажат колку и како лесно се води бизнисот во Македонија, додаде таа