Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска нема да сведочи во случајот за настаните од 27 април.

Судијата Илија Трпков објасни дека Џафери имал делегација во Собранието и оти можел да дојде дури по 12 часот.

Сепак, судијата одлучи тој да биде повикан на некое од следните рочишта затоа што денеска и онака имало голем број повикани сведоци.