Судскиот случај за настаните пред Општина Центар е при крај. На 24 септември се завршите зборови на Обвинителството, потоа и на одбраната, а на почетокот на септември се очекува и пресудата. Она што досега можеше да се види е дека за обвинетиот Миле Јанакиески нема апсолутно никакви докази дека ги организирал протестите пред Општината ниту, пак, имал некаква партиска функција. Но, очигледно е дека судијата Душан Јосифов е под страшен притисок да донесе пресуда под диктат.

Како поинаку да се протолкува фактот што не е прифатен нуту еден сведок на Јанакиески, а дури 22 на Обвинителството. Меѓу сведоците кои ги бараше обвинетиот Јанакиески се и Ивица Коневски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.

На барање на адвокатот Дангов, ВМРО-ДПМНЕ и официјално преку допис потврдило дека во 2013 година Јанакиески не бил член на ИК нуту, пак, бил координатор на Општинскиот комитет за општина Центар.

Обвинителството и судот прифатија само четири материјални докази. Но, меѓу нив не се најде клучниот – уште една аудио снимка од разговор меѓу Јанакиески и екс-премиерот Никола Груевски од 1 јуни 2013 година, кој фрла сосема различна светлина врз настаните. Според објаснувањето на адвокатот Еленко Миланов, од неа може да се види дека Јанакиески ниту можел, ниту поттикнувал, ниту организирал било каква партиска средба за седниците на Советот на Општина Центар, како што тврди обвинителството и сведокот Томислав Лазаров. Тоа е така затоа што, на 3 јуни, значи неколку дена пред спорните настани, Јанакиески бил во Белград на заедничка седница на македонската и српската влада.

Но, според Миланов, уште поспорно е тоа што со неприфаќањето на оваа „бомба“ се поставува прашањето дали СДСМ ги предало сите аудио-записи од незаконското прислушување или, пак, обвинителството имало селективен пристап во нивното користење. А, дека таква „бомба“ постои материјален доказ е прес-конференција на Саша Богдановиќ на која ја презентирал, а била пренесена и во медиумите.