Сите 149 лица кои пристигнаа од Авганситан ќе бидат тестирани на ковид-19 со ПЦР-тест и доколку има позитивни случаи ќе бидат во двонеделен карантин.

Трудница од Авганистан која вечерва пристигна со авион на Меѓународниот аеродром во Скопје беше веднаш префрлена на Клиниката за гинекологија, бидејќи се наоаѓа во 39. недела од бременост и во секој момент се очекува да се породи. Во авионот, меѓу 149 граѓани од Авганистан кои вечерва преку Грузија пристигнаа во Скопје, имало уште четири бремени жени.