Лидерот на ДПА, Мендух Тачи на вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на „ТВ21“ остро го нападна лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Не можеме да заборавиме на 10 години власт на ДУИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ на Груевски. ДУИ немаше никаква одговорност во таа власт“, порача Мендух Тачи и нагласи дека за него е „симпатично“ тоа што Ахмети се борел земјава да стане дел од НАТО и ЕУ, а токму тој ја нападнал Македонија со оружје кога се потпишувал Договор за асоцијација и стабилизација.

Како што нагласи Тачи, актуелниот премиер од таборот на СДСМ, Зоран Заев направил многу повеќе за Албанците отколку ДУИ и Али Ахмети, а како пример го посочи контроверзниот Закон за употреба на јазиците.

Требаше на власт да дојде Заев за да се донесе законот за јазиците. ДУИ беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ и не успеа да го донесе тој закон порано“ порача Мендух Тачи.