Премиерот Димитар Ковачевски е на голема мака. Како да се спаси од незгодните прашања на новинарите, па си одбра нова тактика, или пак му ја смислија неговите „пиарџии“ , а тоа е да не испраќаат покани за тоа каде Таче ќе биде тој ден во посета.

Па така, денеска тој беше во посета на фирмата „ИТГМА“ во населбата Карпош но за тоа немаше никаква најава на државната МИА ниту на службените мејлови на медиумите,

За да изгледа што поспонтано, неколкумина од тимот на Ковачевски стојат позади него за да прават гужва. Имаше и неколку владини камери. На кој ли му текнало ваква „оригинална“ идеја?

Уплавот на Ковачевски и бегањето на од медиумите е поради настанот од пред неколку дена во Богданци кога еден новинар се дрзна да го праша премиерот кој од од двата предлози за уставни измени на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа.Замислете, колку страшно прашање.

Ковачевски наместо да одговори на прашањето постави контра прашање од кој медиум доаѓа новинарот. Како тоа да е важно.

„Pressing TV“ денеска сакаше да го праша т.н премиер кога уставните измени ќе ги прати во Собрание ако тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени но не знаевме дека ќе биде во Карпош.

А да, и ќе го прашавме зошто „Pressing TV“ не беше меѓу повиканите медиуми на брифингот кој го држеше пред неколку дена во Владата.

Таче те разбираме нашите прашања се навистина незгодни.