Сообраќајна несреќа меѓу моторцикл и џип марка „БМВ“ попладнево го блокира сообраќајот на крстосницата на булеварите „Илинден“ и „8. Септември“.

Неофицијално, според информации од случајни минувачи во моментот кога се случила несреќата, до сударот дошло кога џипот вртел в лево од „Илинденска“ кон хотелот „Александар Палас“.

Поради оваа сообраќајка и пред се поради сериозните оштетувања на моторот, додека се чекаше завршување на увидот на полицијата, се формираа огромни колони возила во сите четири правци од крстосницата.