Јас не би се делел во посебна пратеничка група. За ВМРО-ДПМНЕ сум уште пред да се формира партијата и така и ќе остане, вели за Плусинфо пратеникот, Љубен Арнаудов. Тој, заедно со уште шестмина свои сопартијци, беше искучен од партијата, неколку часа откако во Собранието гласаше за предлогот на владата на Зоран Заев за уставни измени, согласно Договорот за Грција, кои предвидуваат и промена на уставното име на државата.

Откако во медиумите излегоа шпекулации дека е можно исклучените пратеници да пристапат кон ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски, Арнаудов е категоричен:

Нема шанси за таква опција, јас останувам во партијата за која сум се борел и во многу други тешки ситуации во државава, вели Арнаудов.

Членови на Извршниот комитет на ВМРО-НП за Пресинг Тв велат дека тие немаат расправано на оваа тема. Последен пат партиското тело заседавало пред десетина дена кога се дебатирало околу тоа дали ќе има или не вонредни парламентарни избори.