НАТО преку мисијата КФОР креира мир и стабилност на Косово и е таму за да ги заштити сите заедници вклучително и српската.Тоа е нашата мисија на Косово истакна денеска првиот човек на Алијансата Јенс Столтенберг на прашањето како НАТО ќе го штити територијалниот интегритет на Косово во услови кога нема решение помеѓу Приштина и Белград за конечниот статус.
Тој е јасен дека има потреба од политичко решение и поради тоа го поддржуваат дијалогот помеѓу Приштина и Белград, се надеваме дека тој ќе продолжи бидејќи на долг рок тоа е единствениот начин да се надиминат разликите.
Во тој контекст сметам дека она што премиерот Заев го направи со Грција во врска со името е еден модел за Косово и за целиот регион затоа што покажува дека е возможно да се надминат разликите од минатото и историските несогласувања. Да не се заборави минатото но да не му се дозволи да ја уништи иднината-порача Столтенберг.
Comments are closed for this post.