Премиерот Зоран  Заев не очекува Турција да го блокира приемот на нашата земја во НАТО поради односот со приврзанаците на движењето на Фетула Ѓулен со некои структури во Македонија.

Заев нагласи дека Турција е наш голем пријател и оти добил ветување дека процесот на ратификација во нивниот Парлемент ќе почне по завршувањето на локалните избори за Истанбул.